Британската влада планира да оддели 12 милијарди фунти, околу 18 милијарди долари од буџетот за меѓународна помош, за сместување и прифаќање на илјадници сириски бегалци, изјави денеска британскиот Министер за финансии Џорџ Озборн, пренесува ТАСС.
– Од буџетот за хуманитарна помош моментално одделуваме само околу 250 милиони фунти, односно 360 милијарди долари на земји како Сирија, Јордан и Турција, изјави министерот, додавајќи дека е потребно целосно ревидирање на системот по кој се распределуваат овие средства.
Озборн нагласи дека расположливите средства би требало да се користат директно за потребите на сириските бегалци. – Со буџетот за меѓународна хуманитарна помош би можеле да ги задоволиме потребите на овие луѓе за првата година и да ги платиме трошоците на градските совети за сместување и станови, истакна британскиот министер.
Според Озборн британската влада планира да ја зголеми директната помош за регионот од каде доаѓаат бегалците. Пред неколку дена беше објавено дека Велика Британија ќе додели дополнителни 100 милиони фунти, 152 милијарди долари за хуманитарна помош за Сирија, така што средствата за оваа земја ќе достигнат 1 милијарда фунти, однонсо 1,52 милијарди долари.