Озборн планира да го намали корпоративниот данок, за да го олесни ударот од Брегзит

Од:

 Британскиот министер за финансии Џорџ Озборн планира да го намали корпоративниот данок до нивото под 15 проценти во обид да го компензира шокот за инвеститорите од одлуката на Велика Британија да ја напушти Европската Унија, објави весникот „Фајненшел тајмс“.

Озборн изјави дека сака да изгради „целно конкурентна економија“ со ниски даноци за бизнисот и глобалниот фокус.

Озборн во март соопшти дека корпоративниот данок до 2020 година ќе биде намален на 17 проценти. Сега тој изнесува 20 проценти.

За споредба, средната вредност на корпоративниот данок во другите земји од Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) изнесува околу 25 проценти и натамошното намалување може да загрижи некои држави од ЕУ.

ОЕЦД вчера соопшти дека ,според неа, малку е веројатно да има поголемо намалување на корпоративниот данок во Велика Британија, но истакна дека доколку тоа се случи, земјата ќе се претвори во „економија од типот на даночен рај“.

Озборн, исто така, изјави дека ќе вложи повеќе напори за развој на односите меѓу Велика Британија и Кина и дека ќе ја предводи новата трговска посета на оваа земја во текот на годината.

Би можело да ве интересира

Барние: Британија отфрла секакво одложување на Брегзит

Ана Ололовска

Почнува клучната фаза од преговорите за Брегзит

Ана Ололовска

Зајберт: Меркел и Џонсон набрзо ќе разговараат за Брегзит

А1он

Шкотска е подготвена да поддржи секого кој е против Брегзит

А1он

Нема судење за Џонсон поради „лажењето за Брегзит“

А1он

Хамонд: Брегзит-от без договор ќе биде спречен

А1он