Озборн: Доколку се изгласа независност, шкотските граѓани ќе бидат во загуба

Од:

Граѓаните на Шкотска ќе загубат во случај земјата да прогласи независност, предупреди британскиот министер за финансии Џорџ Озборн.

На конференција во шкотскиот град Абердин, Озборн нагласи дека загубите ќе бидат околу 2.000 фунти годишно по шкотско домаќинство. Освен тоа извозот за останатите делови од Велика Британија ќе се намали за 80 отсто за следните 30 години.

Референдум за независност на Шкотска ќе се одржи на 18 септември 2014 година. Според анкетите, за независност би гласале околу една третина од населението, додека против се изјасниле околу 60 отсто.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот