Озборн: Британија може да биде во ЕУ, но не и да биде предводена од Унијата

Од:

Британскиот министер за финансии Џорџ Озборн изјави за Би-Би-Си дека Велика Британија може да биде дел од Европската Унија, но дека не може да биде предводена од ЕУ.

– Ние (британската влада) сега сме 100 отсто определени на разговорите што ги водиме со Брисел и со земјите-членки на Унијата, а не кон планирањето излегување од ЕУ, рече Озборн.

Овој министер се опиша себе си како „евроскептик“ како што се и поголемото мнозиство од владеачките конзервативци, но инсистираше дека е оптимист околу постигнувањето договор со Унијата.

Референдумот за излегување или за останување во ЕУ Озборн го означи како настан што може да се случи еднаш во животот, посочувајќи дека е „сосема нереално“ да се очекува ваков референдум да се организира уште еднаш.

Изјавата на британскиот министер доаѓа како реакција на претходно дадената изјава на претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер во Брисел, во која тој навести дека идниот месец „би можело да се постигне спогодба со Лондон“.

Јункер призна дека преговорите што се водат не се лесни, но дека од нив мора да произлезе договор што ќе биде задоволителен и за двете страни.

– Јас сум речиси сигурен дека ќе имаме договор. Тоа нема да биде компромис, туку решение. Нема да постигнеме мал компромис, туку трајно решение, изјави претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер.

Во реакцијата на Џорџ Озборн, британскиот министер вели дека основната работа е Велика Британија да не биде дискриминирана затоа што не е дел од Европската монетарна унија (еврозоната).

Доколку навистина се постигне договор меѓу Брисел и Лондон, британскиот референдум за ЕУ би можел да се одржи во текот на јуни оваа година.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ