Оваа недела беше извршена трета федерална смртна казна во САД

Од:

Оваа недела беше извршена трета федерална смртна казна во САД. Дастин Ли Хонкон (52) беше егзекутиран со смртоносна инекција во централната држава Индијана.

Студент по хемија, кој станал шверцер на дрога и шеф на дистрибуција на метамфетамин мрежа, Хонкон во 1993 година убил пет лица, меѓу кои и две девојчиња на возраст од 6 и 10 години, соодветно, за да не сведочат против него.

Тој беше прогласен за виновен и осуден на смрт во 2005 година.

Оваа недела, за првпат од 2003 година, во САД беа извршени смртни казни изречени од федерален суд. Ова уследи откако Врховниот суд даде зелено светло за егзекуциите.

Претходно, во државата имаше неофицијален мораториум за егзекуции на федерално ниво 17 години, поради недостиг на усогласени правилла за смртоносни инекции. Минатата година, сепак, претседателот Доналд Трамп, кој како и повеќето републиканци, е поддржувач на смртната казна, реши да ги продолжи егзекуциите.

Би можело да ве интересира

Чистката во војската: Трамп го отпушти највисокиот генерал

Предраг Петровиќ

Путин и Трамп ќе се сретнат на крајот на февруари

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Ретка снимка: Руски бомбардер напаѓа американски дрон

А1он

„Економист“: САД се најголемата сила во светот, но Трамп не може да војува со сите

Трамп дефинитивно го спасува ТикТок: Во понеделник тој ќе потпише налог за продолжување на исклучувањето

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари