Отворена истрага за корупција против поранешниот бразилски претседател

Од:

Државното обвинителство на Бразил покрена формална истрага против поранешниот претседател Луис Игнацио Лула да Силва, кој е осомничен за корупција.

Истрагата е насочена за да се утврди дали поранешниот претседател на недозволен начин ги користел своите странски врски и влијанието што го имал, за да му помогне на бразилскиот градежен гигант „Одербрехт“.

Претседателот на Управниот одбор на оваа компанија минатиот месец беше уапсен поради својата вмешаност во корупцискиот скандал во државната нафтена компанија „Петробрас“.

Фондацијата на поранешниот претседател „Лула Институт“ се огласи со соопштение во кое вели дека „тој нема од што да стравува“.

Бразилското Обвинителство, меѓутоа, настојува да го испита неговиот случај на „недзволено влијание“ што се оквалификува како корупција.

Станува збор за периодот меѓу 2011 и 2014 година, во времето кога тој ја напушти функцијата по два едноподруго мандата и беше наследен од Далма Русеф, која е негов силен сојузник и идеолошки истомисленик.

Лула е осомничен дека се обидувал да му помогне на градежниот гигант „Одербрехт“ за да добие големи и вносни зделки во Латинска Америка и во Африка.

Истрагата против Лула доаѓа во момент кога во следните триесетина денови, спикерот на бразилскиот Парламент треба да одлучи дали да покрене процедура за импичмент против актуелниот претседател Русеф.

Бразилската опозиција покрена иницијатива за смена на Русеф од функцијата, која се сомничи за вклученост во скандалот со нафтената компанија „Петробрас“ околу која има многу случаи на корупција и поткуп.

Би можело да ве интересира

Глупоста е бесконечна: Бразилка мислела дека се допишува со Маск, му испратила пари за авионско гориво

А1он

Во Бразил клонирана втората најскапа крава во светот

А1он

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

Бразилскиот претседател Лула да Силва е отпуштен од болница

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски