Отворена истрага против претседателот на Ломбардија заради спорни набавки за време на пандемијата

Од:

Претседателот на најбогатата северна италијанска провинција Ломбардија, Атилио Фонтана, е обвинет за конфликт на интереси и измама со јавните набавки во екот на епидемијата со коронавирусот.

Италијанскиот печат пишува дека во април, во екот на епидемијата, претседателот, без јавен конкурс одобрил компанијата на неговиот зет, Андреа Дини, во која сопственички удел имала и сопругата на Фонтана, Роберта Дини, да увезе потрошен медицински материјал за повеќе од половина милион евра.

Случајот стана познат кога ТВ-шоуто „Рипорт“, што се занимава со истражувачко новинарство, го откри купувањето на материјалите и учеството на членовите на семејството на претседателот на Ломбардија.

Италијанскиот политичар прво тврдеше дека се е легално, и како се повеќе и повеќе информации излегуваа на виделина, почна да се правда дека тоа го правеле „за општо добро, со најдобри намери, односно дека тие само сакале да и помогнат на заедницата во вонредните околности“.

Еден месец по објавувањето на спорната трансакција, сопственикот на компанијата го трансформира „купувањето“ во „донација“, па и со тоа се обиде да се оправда.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски