Отстранета статуата на грчката божица на правдата од пред Врховниот суд на Бангладеш

Од:

Властите на главниот град на Бангладеш, Дака ја отстранија масивната статуа на грчката античка божица на правдата Темис, што беше поставена пред зградата на Врховниот суд на земјата.

Ваквата одлука беше донесена по неколкумесечните протести на разни конзервативни исламистички групи во Бангладеш, кои бараа остранување на споменикот за кој тие велат дека ги „повредува религиозните чувства на муслиманите“.

Станува збор за познатата скулптура на божицата Темис, со меч и со вага во рацете, што се среќава пред речиси сите правосудни институции во безмалку целиот свет.

Предводник на протестите во оваа азиска муслиманска држава е конзервативната исламистичка група Хефазат-е-Ислам, чии припадници се закануваа со насилно уривање на „срамниот“ споменик.

Бангладешката премиерка Шеик Хасина, не сакајќи да се прошират протестите и да избувнат немири, прифати споменикот да се отстрани.

Операцијата за отстранување била изведена два часа по полноќ, кога улиците на Дака се речиси целосно празни.

Домашните аналитичари сметаат дека случајот со споменикот на Темис, кој е поставен пред помалку од шест месеци, претставува уште еден показател за се позасилената борба на конзервативизмот и тврдокорен Ислам со либерализмот во Бангладеш.

Актуелната Влада, која својата политичка ориентација ја определува како секуларна, спроведува либерализација во земјата, но сепак го толерира конзервативизмот на разните исламистички групи и организации, кои, според аналитичарите, ја добиваат битката со либералните ставови.

Би можело да ве интересира

Нобеловец ќе ја предводи привремената влада на Бангладеш

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Хаос во Дака, војската е на улиците, воведен е полициски час, над 100 лица загинаа

Во Бангладеш 15 лица починаа поради жештините

Горан Наумовски

Бројот на загинати во пожарот во трговскиот центар во Бангладеш се искачи на 46

Земјотрес со јачина од 5,8 степени го погоди Бангладеш

Горан Наумовски

Голем пожар во Дака, изгоре комплекс за малопродажба на текстил со 3.000 продавници