Компанијата „Спрингфилд“ од Гана во Атлантски Океан во близина на брегот на западноафриканската држава откри богато наоѓалиште на нафта.
Се проценува дека капацитетот на новооткриеното наоѓалиште е 1,5 милијарди барели и 700 милијарди кубни метри гас.
Наоѓалиштето е значајно за Гана, која во моментот произведува околу 200.000 барели нафта дневно.
Компанијата „Спрингфилд“ која 100 проценти е во државна сопственост соопшти дека потенцијалот на новото наоѓалиште е над три милијарди барели нафта и гас.