Истражителите на ирачката војска соопштија дека откриле две масовни гробници во близина на поранешниот затвор што беше под контрола на екстремистичката група Исламска држава во Мосул.
Во едната гробница, покрај затворот „Бадуш“ се пронајдени лешови на 470 затвореници кои биле убиени од страна на ИД, додека во другата масовна гробница се откриени 30 тела.
Во масакрот што го изврши ИД во „Бадуш“’ во јуни 2014 година беа убиени 600 затвореници.
Ирачките власти ја продолжуваат истрагата за останатите гробници.