Откриени се детали од средбата на Путин и Виткоф која траеше три часа зад затворени врати

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот претставник на американскиот претседател Трамп, Стив Виткоф, денес разговараа три часа во Кремљ, а според помошникот на Путин, Јуриј Ушаков, главна тема била украинската криза.

„Ако зборуваме за теми, тогаш, пред сè, секако, тоа е украинската криза. А втората тема се перспективите за можен развој на стратешка соработка меѓу САД и Русија“, рече Ушаков.

Според него, Путин испратил одредени сигнали до САД во врска со украинското прашање. Како што наведе, соодветни сигнали биле добиени и од претседателот Трамп.

Ушаков рече дека разговорот бил корисен и конструктивен.

„Ситуацијата сега е таква што нашиот претседател има целосни информации, односно наши сигнали, сигнали од претседателот Трамп. А Трамп сè уште не е информиран за резултатите од овој состанок. Затоа, би се воздржал од давање подетални коментари. Ќе видиме кога Виткоф ќе може да го информира Трамп за разговорот што се одржа денес. После тоа, очигледно, ќе можеме да ги дополниме моите сегашни коментари со нешто посуштинско“, додаде Ушаков.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Путин: За Русија постои само една линија на разграничување со Украина – државната граница

Венс размислува за директна средба со ирански функционер за ставање крај на војната

Русија изврши масивен напад врз Киев, погодени се енергетски објекти и складиште за муниција

„Секој педа руска земја ќе биде вратенa“ – нова порака од Москва

Најмалку три лица загинаа, а 11 се повредени во руски напад врз пазар во регионот на Одеса

Русија и Украина договорија голема размена на воени заробеници