Откриени остатоци кои е можно да и припаѓаат на исчезнатата аргентинска подморница

Од:

Авион на американското Воено воздухопловство, вклучен во потрагата по исчезнатата аргентинска подморница „Сан Хуан“, на дното на Атлантскиот Океан откри неидентификуван објект кој емитува топлина, јави ДПА.

Според регистрираните податоци, станува збор за метален објект, што се наоѓа на длабочина од 70 метри под површината на Океанот, на 300 километри од брегот на аргентинската провинција Чубут.

Кон местото на лоцираниот овјект веќе се упатени спасувачки бродови и авиони.

Аргентинската Воена морнарица на 15 ноември информираше дека подморницата „Сан Хуан“ со 44-член екипаж исчезнала, откако испловила од пристаништето Ушуаја на Огнената Земја и се упатила кон Мар дел Плата

Подморницата требало да контактира со командата, но не го сторила тоа. Последен пат дала податоци за својата локација на 13 ноември.

Во потрагата по подморницата се вклучени авиони и бродови на Аргентина, Бразил, Велика Британија, САД и Чиле.

Портпарол на аргентинската Воена морнарица изјави дека не се изгубени сите надежи оти членовите на екипажот можат да бидат спасени, но додаде дека операцијата влегува во критична фаза бидејќи резервите со кислород во пловилото се при крај.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски