Во внатрешноста на бродот „Коста Конкордија“, што потона на почетокот на 2012 година во близина на италијанското крајбрежје, денеска беа откриени остатоците на уште еден од загинатите, стјуардот Раселе Ребело, пренесува ИТАР-ТАСС.
Ноќта меѓу 13 и 14 јануари минатата година при ризичен маневар во близина на островот Џилио, луксузниот брод „Коста Конкордија“ со 4.229 луѓе, удри во подводни карпи, по што се преврте и делумно потона. Во несреќата се удавија 32 лица, но телата на двајца од нив Ребело и на Марија Грација Трекарики не беа пронајдени.
Минатиот месец, во операцаија за исправување во вертикална позиција на „Коста Конкордија“, беше обновена потрагата по телата на загинатите. Кон крајот на септември во близина на местото на несреќата беа откриени човечки остатоци, што беа предадени на ДНК анализа.