Откриена мрежа на интернет-измамници во Шпанија која украла над 500 илјади евра

Од:

Шпанската полиција уапси 94 лица под обвинение за кражба на половина милион евра со помош на измама преку интернет, соопшти локалната полиција. За таа цел, групата користела таканаречена „СИМ“ размена, со која криминалците, откако го дознавале телефонскиот број на жртвата, барале реиздавање СИМ-картичката за да добијат на тој начин целосен пристап до банкарските сметки.

Полициската акција во Шпанија била спроведена во различни региони, по што приведени се 94 лица под обвинение за измама, перење пари, вмешаност во криминални групи и фалсификување документи. Украдената сума изнесувала околу 504,8 илјади евра, а само од една банкарска сметка биле повлечени 240.000 евра.

Би можело да ве интересира

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра