Откриена иранска хакерска мрежа во сад

Од:

Американска компанија открила иранска хакерска мрежа во САД, што шпионирала воени и политички лидери и дипломати со користење на фиктивни веб страници и лични профили на популарните социјални мрежи.

Мрежата дејствувала од 2001 година, а можеби и порано. Таа е откриена од американската компанија за киберразузнавање „Ајсајт партнерс“.

Меѓу личностите, што иранската мрежа ги имала за цел, биле американски генерал, конгресмени, како и граѓани на Авганистан, Велика Британија, Израел, Ирак, Саудиска Арабија и Сирија. Хакерите имале за цел да дојдат до владини и корпоративни системи и дипломатски преговори.

„Ајсајт партнерс“ наведува дека Иранците во добро планирана операција создале шестмина условни „новинари“, кои работеле на фиктивен новинарски портал „NewsOnAir.org“, што користел информации од АП, Ројтерс, Би-Би-Си и други поголеми информативни агенции и медиуми. Хакерите создале и други осум личности, кои наводно работеле за компании кои произведуваат и им продаваат на американските вооружени сили и други организации.

– Тие дејствувале мирно и тивко стремејќи се да бидат незабележани, да не привлекуваат интерес кон себе си, изјави Тифани Џоунс, потпретседателка на „Ајсајт партнерс“.

Хакерите, исто така, создале и лажни прифили на овие личности на Фејсбук и други популарни социјални мрежи и преку нив се обиделе да се спријателат со нивните цели по шема на нивните пријателски кругови на мрежите.

На своите цели, хакерите првично испраќале вести и текстови од „NewsOnAir.org“, а подоцна и опасни линкови со кои ги заразувале нивните компјутери со шпионски софтвер или пак директно ги насочувале кон веб страници, што бараат внесување лични податоци.

На овој начин во рамките на својата акција иранските хакери преку 14 фиктивни личности, успеале да се поврзат со над 2.000 лица, наведува американската компанија „Ајсајт партнерс“.

Би можело да ве интересира

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он

Заканувачки говор на Хамнеи: Израел и САД можат да очекуваат разорен одговор

А1он