Животот на Силвија Рафаел опишан е во книгата на авторката Моти Кфир – Животот и смртта на шпионот на Мосад.
Израел ја ангажирал да ги разоткрие мозоците кои стојат зад терористичкиот напад кој се случил на Олимписките игри во 1972 година. Таа е Силвија Рафаел, а нејзиниот животен пат е опишан во книгата на авторката Моти Кфир – Животот и смртта на шпунот на Мосад. Тоа е приказна за млада агентка на Мосад, а наводно на новинарот и коавторот на книгата Рам Орен ја раскажал маж кој ја подготвувал и обучувал за агентка.
Книгата се темели на големи истражувања и интервјуа, а го опишува нејзиниот подем во организацијата и работата на пронаоѓање на Ал Хасан Саламех, лидер на палестинската организација Црн септември. Токму тој бил мозокот на операцијата која во 1972 година го потресе светот. Тогаш на Олимписките игри во Минхен беа убиени 11 израелски атлетичари.
Членовите на палестинската терористичка организација Црн септември на 5 септември на 11 ден од Игрите, влегле во Олимпиското село и киднапирале 11 израелски спортисти и тренери за заложници од кои двајца спортисти загинале во првите два часа од акцијата. Црн септември операцијата ја нарекол Икрит и Бирам по две христијански палестински села чии жители биле убиени или протерани од страна на Хаганнаха во 1948 година.
Германските власти подоцна се обидувале безуспешно да ги ослободат останатите заложници и во текот на таа операција сите 10 заложници загинале како и пет терористи и еден полицаец. Севкупно во Минхен и во аеродромот Фурстенфелдбрук загинале 17 лица.
Сето тоа, преку телевизијата во својот мал стан во Париз, го гледала и Силвија Рафаел. Таму живеле и дејствувала под лажен идентитет. Работела како фоторепортерка. По масакрот во Минхен Силвија била регрутирана за нова акција. Морала да ги открие и да ги лоцира луѓето кои дејствувале во палестинската терористичка група Црн септември. Благодарение на своите неверојатни вештини таа и успеала во тоа. Со своето шпунско делување помогнала во лоцирањето и убиството на тројца мажи од озлогласената група. Во одмаздничките акции кои Израелците ги презеле на лица кои биле поврзани со масакрот загинале уште неколку лица од кои барем двајца од нив биле невини.
Во една од тие акции учествувала и Рафаел. Токму таа била виновна за смртта на мароканскиот писател Ахмед Бочики во Лилехамер на 21 јули во 1973 година. Тој маж агентите на Мосад го замениле со лидерот на организацијата на Ал Хасан Саламех. Рафаелм потоа била уапсена во Норвешка и била осудена на пет години затвор поради шпиунажа и убиства, но излегла по 15 месеци. Потоа се омажила и се вратила во Јужноафриканската Република каде била родена и таму починала од леукемија во 2005 година.
Во досието во кое е зачувана нејзината психолошка евалуација стои: – Во неа нема мир, таа сака акција. Свесна е дека е посебна и дека поседува необични и различни способности.
Јутарњи лист – Загреб