Откриена е причината за пожарот во Хонг Конг, засега уапсени се 11 лица

Од:

Властите на Хонг Конг изјавија дека истрагата за смртоносниот пожар во кој загинаа најмалку 151 лице, а десетици се водат како исчезнати, открила дека мрежата што ги покрива скелињата на зградите што се реновираат не ги исполнувала стандардите за противпожарна безбедност.

Агенцијата за борба против корупцијата уапси 11 лица, вклучувајќи ги директорите и инженерскиот консултант на градежната компанија. Пожарот, кој избувна во среда минатата недела и беше целосно изгаснат до петок, започна во долниот дел од мрежата околу една зграда во комплексот Ванг Фук Корт, а потоа брзо се прошири внатре бидејќи полиуретанските панели се запалија и ги исскршија прозорците.

Ветрот помогнал пламените јазици да се шират од зграда до зграда, изгорувајќи седум од осумте станбени кули. Првичните тестови на мрежата покажаа дека е во согласност со стандардите, но подоцна беа земени 20 примероци од различни катови и беше откриено дека седум не ги исполнуваат безбедносните стандарди, што укажува дека изведувачите штедат на трошоците за да го зголемат профитот, се вели во извештајот на истражителите.

Секретарот за безбедност Крис Танг изјави дека истражителите првично не можеа да пристапат до сите делови од зградата, што довело до новите наоди.

Околу 4.600 луѓе живееле во комплексот Ванг Фук Корт, а само една од осумте кули со 31 кат не беше зафатена од од пожарот.

Владата на Хонг Конг обезбеди средства за реконструкција на домовите и долгорочна поддршка, додека преживеаните добија и парични субвенции за трошоци и помош за сместување.

Би можело да ве интересира

Пламна пожар во куќа во Кочани, во болница завршија мајка и ќерка

Горан Наумовски

Најмалку 128 лица загинаа во големиот пожар во Хонг Конг

Пожар во магацин за гуми во Загреб, неколкумина се тешко повредени

(ВИДЕО) Горат седум облакодери во Хонг Конг – најмалку 36 мртви и 279 исчезнати

А1он

Кривична за пироман од Штип: Изгореа делови од две куќи, гаража, шума…

(ВИДЕО) Горат неколку згради во Хонг Конг, се бројат загинатите и повредените

Горан Наумовски