Откриен вирус кој го јаде ракот

Од:

Шведските научници тврдат дека откриле вирус кој го јаде канцерот, па според нивните изјави сите оние кои боледуваат од рак на панкреасот, наскоро би можеле да се спасат од оваа смртоносна болест.

Единствениот проблем е што „лекот“ се наоѓа во фриждер и се уште не е подготвен за употреба.

Според зборовите на професорот Магнус Есанд од Универзитетската болница во Упсала, ова истражување е направено во соработка со европскиот истражувачки центар за напредни неуроендокрини тумори, а вирусот се уште нема име и се чека на неговото патентирање.

„Истражувањето беше направено во лабораторијата уште во 2010. година, но тестирањето беше извршено само кај животните, по што од резултатите заклучивме дека овој тип на аденовирус серотип 5 ги убива малигните клетки, едноставно кажани ги јаде“, објасни професорот Есанд.

Голем број на пациенти од Америка доаѓат во оваа болница. Оние кои веќе немаат што да изгубат и им има останато само уште неколку месеци живот постојано прашуваат кога ќе можат да го консумираат „лекот“ за да оздрават.

Онколозите се уште одбиваат да ја дозволат употребата на вирусот, без оглед на фактот дека пациентите се подготвени на сопствен ризик, со дебитни картички во рацете да ги потпишат потребните документи и да го пробаат лекот.

Првото тестирање на луѓе се уште не е направено, па затоа ќе мора да се почека подолго време.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска