Откриен тест кој го решавале шестоодделенци во 1912 година

Од:

Музејот во Кентаки пронајде испит за осмо одделение кој го полагале учениците пред повеќе од 100 години.


Испитот, кој се полагал во основно училиште во Кентаки во 1912 година е во сопственост е на музејот Булит Каунти хистори, пишува Еј-Би-Си њуз.


– За нас ова е идеално. Тоа ни помага да „влеземе“ во главата на лицата кои живееле во 1912 година. Некои луѓе сметаат дека прашањата се тривијални, но прашањата се однесуваат на она што децата во тоа време го знаеле, рече Давид Ле Странж, од музејот Булит Каунти Хистори.


Испитот се состоел од осум делови: пишување, читање, арииметика, граматика, географија, психологија, локални власти и историја. Едно од прашањата од географија е: Кои од наведените држави граничат една со друга?


Уште некои од прашањата од испитот кој учениците го полагале пред 100 години се:


– Колку треба да биде должината на јажето кое треба да се спушти од врвот на зграда висока 12 метри до 9 метри висина над тлото.


– Што е лична заменка?


– Низ кои води би поминало пловило кое плови од Англија низ Суецки Канал до Манила?

Би можело да ве интересира

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Ѓоргиевска: Со заеднички ангажман да ја поттикнеме и поддржиме научно-истражувачката дејност кај жените

А1он

Јапонски научници развиваат вакцина против стареење

Ана Ололовска

Вештачка интелигенција предложи лек за редок рак кај децата

Ана Ололовска

„Стенфорд“: Ајнштајн бил во право за црните дупки

Ана Ололовска

Откриена мистериозна ДНК која асимилира гени од различни организми

Ана Ололовска