Во Велика Британија е откриен нов вирус што и припаѓа на групата на вируси на Тешкиот акутен респираторен синдром (САРС), од кој во 2002 година починаа 800 лица, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).
Во соопштението се посочува дека новиот вирус од групата на САРС е откриен кај еден 49-годишен државјанин на Катар, кој неодамна престојувал во Саудиска Арабија.
СЗО нагласува дека новооткриениот вирус претставува тип од групата на коронавируси, во кои спаѓаат и причинителите на настанката и на САРС-от.
Директорот на Центарот за респираторни инфекции при Лондонскиот кралски колеџ, Питер Оупеншоу изјави дека засега нема место за паника поради откривањето на новиот вирус.
Тој најверојатно е идентификуван благодарение на современите методи на истражување, посочи Оупеншоу.