Откриен нов вид на хоминин

Од:

Палеонтолозите открија нов вид на хоминин, за кој веруваат дека бил во сродство со познатата прамајка Луси.

Научниците од Природо-научниот музеј во Кливленд пронашле фосил на горна вилица на наоѓалиштето Ворансо-Мајл во африканската област Афар и заклучиле дека се работи за нов вид, кој го нарекле Australopithecus deyiremeda.

Australopithecus deyiremeda, што во превод од јазикот на народот Афар значи близок сродник, бил современик на Луси (Australopithecus afarensis), која живеела пред 2,9 до 3,8 милиони години.

Новооткриениот фосил фрла светло на клучниот период во човековата еволуција пред појавата на нашиот род Хомо и претставува доказ дека два прастари видови на човековите предци живееле во исто време и на ист простор пред 3 милиони години, се наведува во студијата објавена во списанието „Нејчр“.

– Иако многу сличен на Луси, Australopithecus deyiremeda се разликувал по големината и обликот на вилицата, како и по забите кои се многу поситни и укажуваат на поинаков вид на исхрана, но и на поголема сличност со модерниот човек од неговата роднина, наведе директорот на истражувањето, палеонтологот Јоханес Хајле Селасие.

Костурот на Луси бил најден во 1974 година, околу 50 километри од местото на кое се откриени новите фосилни остатоци, кои се состојат од долни и горни вилици на заби на најмалку тројца поединци.

За палеонтолозите прашањето на соживотот на овие два вида останува мистерија.

– Веројатно биле соперници ако користеле исти ресурси, рече Хајле Селасие.

Нашиот вид, Хомо сапиенс се појавил пред околу 200.000 години. Најраниот претставник на нашиот род живеел пред 2,8 милиони години.
Научниците сметале дека од пред 4 до 3 милиони години постоел само по еден човечки предок, кој евоулирал во нов вид.

– Приказната многу се искомпликува со разгранувањето на филогенетското стебло на човекот, заклучува палеонтологот Стефани Мелило од Институтот „Макс Планк“.

Би можело да ве интересира

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Ѓоргиевска: Со заеднички ангажман да ја поттикнеме и поддржиме научно-истражувачката дејност кај жените

А1он

Јапонски научници развиваат вакцина против стареење

Ана Ололовска

Вештачка интелигенција предложи лек за редок рак кај децата

Ана Ололовска

„Стенфорд“: Ајнштајн бил во право за црните дупки

Ана Ололовска

Откриена мистериозна ДНК која асимилира гени од различни организми

Ана Ололовска