Откриен нов сателит на Земјата, кој кружел веќе стотина години

Од:

Астрономите открија нов ткн квази-сателит, или „мини Месечина“ на Земјата, астероидот 2016 НОЗ, кој станал привремен природен сателит на нашата планета пред околу стотина година, и ќе кружи околу неа уште неколку стотици години, објави минатата седмица Лабораторијата за објекти во близина на Земјата на американската агенција за вселенски истражувања NASA.

„Бидејќи 2016 НОЗ кружи околу нашата планета и никогаш не се оддалечува од неа како ротацијата на Земјата околу Сонцето, тој може да се нарече квази сателит на Земјата. Другиот астероид – 2003 YN107, се движел по сличната патека пред околу десет години, но тој одамна ја напуштил нашата област. Новиот сателит на Земјата е многу постабилен, и нашите пресметки покажуваат дека тој ја придружувал нашата планета повеќе од сто години, и ќе го прави тоа уште векови“, вели Пол Чодас, директорот на Лабораторијата на NASA во Пасадена.

Чодас и неговите колеги ја откриле „новата мини Месечината“ на Земјата истражувајќи го вселенското пространство со помош на телескопот Pan-STARRS на Хаваи. Кон крајот на април годинава откриле помал астероид, со дијаметар од стотина метри, кој се однесува како квази сателит на Земјата.

Астероидот 2016 HO3 не е првиот кој во минатото станал природен сателит на Земјата. Научниците објаснуваат дека гравитацијата на нашата планета може да „фати“ ткн соорбитални астероиди, по што тие почнуваат да исцртуваат гигантски спирали околу Земјата, станувајќи „квази сателити“.

На астрономите познати им се уште четири вакви небесни тели, кои станале привремени „Месечини“, односно астероидите означени како 2003 YN107, 2004 GU9, 2001 GO2 и 2002 AA29. Сите тие можат редовно да се приближат на Земјата, но овие објекти, за разлика од 2016 HO3, кружеле околу нашата планета само миг според астрономските мрки, неколку години или децении.

Пресметките на Чодас и неговите колеги покажале дека 2016 HO3 периодично ја следи Земјата, наоѓајќи се поблиску до Сонцето отколку таа, а потоа оди во сенката на нашата планета. Покрај тоа, тој периодично се менува во однос на еклиптиката (рамнината на орбита на Земјата), ја менува својата позиција по секое свртување околу изворот на светлината.

Астероидот 2016 HO3, како и ткн „тројански астероид“ 2010 ТК7, своевиден предвесник на Земјата, „страдаат од терафобија“, тој никогаш не се доближил до планетата поблиску од 38 растојанија од Земјата до Месечината. Од друга страна, пак, според Чодас, тој никогаш не се оддалечил од неа на повеќе од сто растојание од нашата планета и нејзиниот главен природен сателит.

Сега Чодас и неговите колеги вршат дополнителни набљудувања на оваа „квази Месечина“ обидувајќи се да ги уточнат нејзините димензии и да ги пресметаат другите важни параметри, како масата на 2016 HO, неговата густина и хемискиот состав, што е неопходно за точното предвидување на иднината на астероидот

Би можело да ве интересира

Едно од најголемите вселенски летала на НАСА тргнува на патување од 2,9 милијарди километри

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Заглавените астронаути можно е да не да се вратат на Земјата до 2025 година

Предраг Петровиќ

Астронаути се заглавени во вселената, НАСА вели: Можеби нема да се вратат до 2025 година

Горан Наумовски

ВИДЕО: Астронаут на НАСА го сними разорниот ураган од вселената

Катерина Ѓуровски

Кинеското вселенско летало слета на темната страна на Месечината