Принцезата Дајана е фотографирана во 1979-тата година во друштво на правнукот на поранешниот премиер на Британија, Стенли Болдвин. Неговото име е Адам Расел, а фотографијата е направена за време кога биле на групно скијање на француските Алпи.
Откако во јавност излезе досега необјавена фотографија од 18 годишната Дајана Спенсер на која таа лежи во прегратките на непознат маж само два дена откако ја објавија свршувачката со принцот Чарлс, британските медиуми го откриле неговиот идентитет. Станува збор за британскиот аристократ Адам Расел, правнук на некогашниот премиер Стенли Болдвин. Во друштвото на идната принцеза и своите пријател биле на скијање на француските Алпи.
Британскиот “daily mirror” ги купил овие фотографии два дена откако Бакингемската палата ја објавила веста за нејзината свршувачка со принцот Чарлс. Заради свршувачката, не сакале да ја објават оваа фотографија и на неа напишале “Не е за објавување”. Како што наведува кралскиот автор Ендрју Мортон, Расел бил заљубен во Дајана, но меѓу нив никогаш не се случило ништо. Откако Расел поминал една година во патувања, во 1980-тата година на еден свој пријател му кажал дека е заљубен во Дајана.
“Имаш само еден човек на патот, принцот Чарлс”, му кажал неговиот пријател.
Расел и Дајана на крајот сепак останале само пријатели. Тој денес живее со својата сопруга Али на фарма во Дорсет. Потврдил дека тој е човекот на фотографијата.