Откажани летови во Франкфурт, Минхен и Берлин

Од:

На најфреквентниот германски аеродром во Франкфурт, денеска поради снегот откажани се околу 200 летови, а патниците мораат да бидат подготвени на чекање и откажување на летови, јавија денеска германските медиуми.

Освен во Франкфурт, постојат проблеми и на аеродромите во Минхен и Берлин, како и нешто помали задоцнувања во Лајпциг.

Само во Франкфурт денеска домашниот авио-превозник „Луфтханза“ откажа околу 140 летови на внатрешните и дестинанциите ширум светот.

Во Минхен медиумите јавуваат за околу 200 откажани летови и за препораките на „Луфтханза“ дека патниците во домашниот сообраќај сега користат железница.

Авионскиот билет, како што се наведува, може да се користи при железничкиот превоз.

Зимата и снегот во германскиот главен град, Берлин, предизвика откажани летови и доцнење во авиосообраќајот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 60 жртви во поплавите во Шпанија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Неколкумина загинати во поплавите во Шпанија, се трага по исчезнати

Силно невреме ја погоди Црна Гора: Поплавен е дел од Јадранската магистрала

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

(ВИДЕО) Поплавен е северот на Италија: Ова е полошо и од најлошите прогнози

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Шокантни снимки: Луѓето добиваат невројатно „луди“ идеи за време на поплави

Катерина Ѓуровски