Откажан меѓународен фестивал на цртежи во Кан поради стравување од атентати

Од:

Меморијалот од Кан (Нормандија) посветен на историјата на Дваесеттиот век, одлучи да ги откажи Петтите по ред меѓународни средби на цртежи во печатот, предвидени во април, поради стравување од евентуални атентати, јави дописникот на МИА од Париз.

– Откажани се за подобри денови. Не можеме да си дозволиме да ставиме во опасност било кој, ниту цртачите, ниту публиката, ниту вработените во Меморијалот, изјави директорот на музејот Стефан Грималди.

– Веб страницата на меморијалот беше хакирана на шест пати по атентатот во „Шарли ебдо“. Атентатите од Копенхаген предизвикаа загриженост кај повеќе цртачи кои требаше да дојдат, објасни Грималди.

Според директорот на манифестацијата, било предвидено учесниците да одат кон публиката и да ги посетат гимназиите, но сето ова сега е незамисливо.

Кон музејот не е испратена ниту една специфична закана, а од вкупно 44 најавени учесници на фестивалот кој требаше да се одржи од 10 до 11 април, само еден го имаше откажано учеството.

Меморијалот не сака да каже дали меѓу учесниците на фестивалот имаше и членови на редакцијата на Шарли Ебдо.

Би можело да ве интересира

Канаѓаните се предупредени: Не користете TikTok

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Четворица загинати предизвикана од ограбувач на банка во Торонто

Во Отава: Шест лица се убиени во куќа, меѓу кои четири се деца

Горан Наумовски

Тела на три деца и две жени пронајдени во Манитоба

ВИДЕО: Мистериозен остаток од брод се појави на канадскиот брег

Тројца Италијанци загинаа во хеликоптерска несреќа во Канада