Откажан филмот „Made in France“ кој ги предвиде атентатите во Франција

Од:

Филмот „Made in France“ на Никола Букриеф, во кој се претскажуваат терористичките акции во Париз, кои ја потресија Франција и светот, нема никогаш да излезе во кино салите, јавува дописникот на МИА од Париз.

Филмот беше најпрво најавен и рекламиран за среда 18 ноември 2015, со плаката на која Ајфеловата кула потпрена на калашников, со поднасловот „заканата доаѓа од внатре“, но дистрибутерот на филмот Прети Пикчрс, поради атенатите на 13 ноември го одложија филмот за 20 јануари 2016. Повторно неговото излегување е откажано, со што филмот „Made in France“ ќе може да се виде само преку видео-платформите и на двд.

Филмот на Никола Букриеф со нападот на терористите од 13 ноември беше престигнат од историјата, иако до тој датум беше пред неа. Имено филмот зборува за една терористичка џихадистичка група, која предвидува атентат на Шанзелизе во координација со други напади во француската престолнина, најавувајќи ги многу одблиску нападите од 13 ноември во Париз и Сен Дени.

Пред една година, додека филмот се монтираше, нападите против Шарли Ебдо и супермаеркетот Хипер Кашер, за малку ќе го запреше проектот. Дистрибутерот СНД се откажа од филмот, иако Никола Букриеф имаше реализирано два акциони филма, тие купија акционен, а се најдоа со политички филм.

Во јуни 2015 филмот беше испратен на повеќе фестивали, но ниту еден не го избра, за на крајот да биде земен под закрила на Прети Пикчрс кој не дистрибуира француски филмови. Но, проблемот беше да се најдат кино сали подготвени да го прикажат. Нивните напори беа урнати со атентатите од 13 ноември.

– Веднаш сфатив дека филмот нема да излезе во салите, изјави Никола Букриеф.

Тој за Монд вели дека не можел да си замисли дека филмот може да излезе во кино-салите, бидејќи стравот е насекаде. Тој повеќе сакаше да го прикаже филмот на платформите за видео стриминг (со плаќање) отколку во салите „Art & Essai“, во кои не одат децата од предградијата.

Идејата на филмот е инспирирана од настаните од 1995 година, кога Калед Келкал, обичен деликвент од предградие на Лион, преминува во џихадизам, предизвикувајќи повеќе атентати, меѓу кои и тој во метрото на станицата Сант-Мишел во Париз на 25 јули 1995 година. Келкал беше убиен од француската жандармерија во септември истата година. Режисерот на филмот се обидува да дознае повеќе за животот на терористот, кој наликува на многу други: отсуство на таткото, деликвенција, маргинализација, без образование и кој се радикализира во допир со религијата.

Режисерот се инспирира од својот сопствен живот. Роден во 1963 во Антиб од татко со потекло од Алжир и мајка од Франција, татко му избира да не ги научи своите деца да го зборуваат арапскиот јазик, велејќи им „Вие нема да бидете ниту муслимани, ниту католици, вие ќе изберете подоцна“.

Тој за Монд раскажува дека уште на времето, иако бил целосно во француската култура, комплетно интегриран, го слави Божик, иако не се чуствувал  како арап, туку како медитеранец, сепак секогаш се соочува со својот идентитет, со дофрлање на „нечист арап“. Тоа според него  води до „извесна форма на насилство и може како реакција да води на патот на деликвенцијата“.

Инспирацијата за филмот се конкретизира по терористричкиот акт во Тулуз и Монтобан, во март 2012 кога Мохамед Мера убива тројца војници, потоа еден наставник и три деца од еврејско училиште.

– Една од причините за силните емоциии, беше ефектот на огледало кога научив дека Мохамед Мера (терортистиот) го убива Мохамдед Фара Шамсе-Дине, војник припадник на 17-от полк на падопранските сили на Франција. Тој убива еден војник кој се вика Мохамед, името на татко ми. Си велам Мохамед го убива Мохамед, и двата се Французи. Мислам дека денес интеграцијата не се одвива најдобро, бидејќи или ти си џихадист или војник. Потоа Мера влегува во училиште и убива деца од 5 години, по што одлучувам да го пишувам филмот, вели Никола Букриеф.

Би можело да ве интересира

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт

После изборот на Трамп: Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро се надева на мир на Блискиот Исток