Откако талибанците ја презедоа власта во Авганистан убиени се околу 400 цивили

Од:

Високата комесарка за човекови права на Обединети нации, Мишел Башеле денеска изјави дека приближно 400 луѓе се убиени во Авганистан од преземањето на власта од страна на талибанците во август 2021 година.

Таа обраќајќи се пред Советот за човекови права во Женева наведе дека повеќе од 50 лица, кои најверојатно биле поврзани со терористичката група Исламска држава на Хорасан (ИСИС-К) се убиени, а некои биле обезглавени.

Башеле наведе и дека талибанците ги укинаа правата и слободите на жените и упати апел на жените да им се дозволи целосно да учествуваат во јавниот живот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

УНИЦЕФ ги повика талибанците да дозволат девојчињата да се вратат на училиште

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан