Откако Путин го потпиша новиот закон, руските книжарници ги отстранија книгите со ЛГБТ теми

Од:

Книжарниците во Русија ги отстрануваат делата на тема ЛГБТ од своите полици, откако Владимир Путин потпиша нов закон со кој се проширува забраната за ЛГБТ пропагандата и се ограничува „демонстрирањето ЛГБТ однесување“.

Имено, во 2013 година во Русија беше забрането да се промовира „пропаганда на нетрадиционални сексуални односи“ на малолетници. Но, новиот закон забранува ширење на такви информации на луѓе постари од 18 години.

Секоја акција или информација за која се смета дека е обид за промовирање на хомосексуалноста – без разлика дали во јавноста, на Интернет или во филмови, книги или реклами – може да се казни со голема парична казна. Новиот закон забранува рекламирање, медиумски и интернет ресурси, книги, филмови и театарски продукции за кои се смета дека содржат таква пропаганда.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Путин останува отворен за разговори со Трамп, тоа може да се случи многу наскоро

ВИДЕО: Трамп му е многу лут на Путин

Путин не ја дава нуклеарката во Запорожје, ниту на Украина, ниту на Трамп

Катерина Ѓуровски

Фараж со апел до Трамп: Путин не смее да победи

Путин дадe дозвола: Новото „нуклеарно чудо“ е подготвено

Горан Наумовски

Украина го обвинува главниот пропагандист на Путин за поттикнување геноцид