Отфрлено обвинението против Саркози дека примал незаконски донации за предизборна кампања

Од:

Суд во Бордо отфрли обвиненија за незаконско финансирање на предизборната кампања против поранешниот француски претседател Никола Саркози. Во март Саркози беше обвинет дека добивал незаконски донации од наследничката на козметичката компанија Лореал, Лилијан Бетанкур.

Според обвиненијата, 90-годишната милијардерка Бетанкур му давала пликоа со пари на Саркози за предизборната кампања во 2007 година. Поранешната сметководителка во таа компанија изјави во полиција во 2010 година дека и било наредено од финансискиот менаџер на Бетанкур да повлече 150.000 евра за предизборната кампања. Саркози во тоа време беше министер за надворешни работи и тој го негираше обвинението.

Според француски закони индивидуалните донации за политички кампањи се максимум 7.500 евра. Регионални весници тврдат дека судот одлучил да го отфрли обвинението заради недоволно докази за почеток на судски процес.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер