Најмалку осум патници загинаа во северозападниот дел на Пакистан откако експлодира бомба поставена во автобус.
Пакистанската полиција соопшти дека во инцидентот се повредени седум лица. Автобусот сообраќал од Пешавар до соседниот град.
Се уште никој не ја има преземено одговорноста за нападот.