Најмалку осуммина војници на армијата на Парагвај се убиени во заседа додека биле во рутинска мисија.
Инцидентот се случил во реонот на местото Аројото, одалечено околу 500 километри северно од главниот град Асунсион.
Засега никој ја нема преземено одговорноста за нападот врз армиските сили.
Министерот за внатрешни работи, Франциско де Варгас, изјави дека нападот најверојатно е дело на бунтовничката група „Парагвајска народна армија“ (ЕПП).
Според министерот Варгас, напаѓачите поставиле експлозив на патот, што обично го користат армиските сили.
Министерството за внатрешни работ тврди дека милитантната група ЕПП нема повеќе од 150 припадници. Бунтовниците имаат изјавено дека за својата борба се инспирирани од марксистичката идеологија. Со повремени напади се јавуваат од 2008 година.
Парагвајската полиција верува дека припадниците на ЕПП се одговорни за убиствата на околу 50 луѓе, како и дека цел на нивните напади главно се припадници на парагвајската олигархија.