Најмалку осум лица загинаа, а 46 се водат за исчезнати кога се преврте мал брод крај брегот на Гвинеја, соопштија извори од полицијата во оваа земја. До сега се извлечени телата на седум жени и едно дете, наведе претставник на полицијата.
На бродот се наоѓале вкупно 56 патници кога тој се превртел, неколку минути откако тргнал од главниот град Конакри кон островот Каса.
Капацитетот на бродот бил за 20 лица и тој се превртел поради преголемата тежина на патниците и на товарот, изјави официјален претставник. На бродот имало многу жени и деца. До сега од водата се извлечени живи само четири лица.