Нападот врз банка во Авганистан, при што загинаа осум луѓе, заврши по четиричасовни престрелки меѓу напаѓачите и безбедносните сили, јави ДПА.
Бомбаш – самоубиец го активира експлозивот на влезот на филијалата на „Кабул банк“ во Лашкар Гах, откако тројца напаѓачи упаднаа во зградата.
Според очевидците еден од напаѓачите го активирал експлозивот што го имал на себе во банката.
– Осум луѓе загинаа при нападот, од кои шест цивили и двајца припадници на обезбедувањето. Нападот заврши кога и последниот напаѓач беше застрелан од безбедносните сили, изјави портпаролот на гувернерот на полицијата Хеламнд, Омер Звак.
Тој претходно изјави дека во нападот загинале десет луѓе.