Осумчлена терористичка ќелија инволвирана во нападите во Каталонија

Од:

Шпанските власти претпоставуваат дека осумчлена терористичка ќелија е можниот извршител на вчерашните напади во Каталонија и дека групата планирала да употреби шишиња со пропан бутан, пренесоа британските медиуми, повикувајќи се на извор од истрагата.

Претставникот на каталонската Влада, Жоаким Форн, за локалното радио изјави дека напаѓачите во вчерашните напади можно е да планирале да употребат шишиња со гас.

– Приоритет за властите сега е да ги идентификува луѓето, замешани во нападот и да утврдат какви се односите меѓу нив, објасни Форн.

Минибус вчера прегази луѓе на фрекфентата пешачка улица „Ла Рамблас“ во Барселона. Во нападот загинаа 13 лица и околу 100 лица се повредени. Силите за безбедност трагаат по возачот на минибусот.

Во друг напад во туристичкиот град Камбрилс полицијата ликвидира петмината напаѓачи, кои, исто така, нападнаа со автомобил.

Шпанското радио „Кадена сер“ јави дека властите трагаат по трет минибус, што можно да е поврзан со терористичките напади, пренесе ТАСС.

Податоците на каталонската Влада покажуваат дека пред вчерашните напади во Барселона и реонот од почетокот на годината се уапсени 11 претпоставени терористи. Тоа е повеќе отколку каде и да е во Шпанија, посочија британските медиуми.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски