Најмалку осум лица починаа во Карачи од труење со ликер од домашно производство, соопшти денеска пакистанската полиција.
Во полициското соопштение се наведува дека 14 луѓе се хоспитализирани откако синоќа пиеле отровен алкохолен пијалак, а осуммина починале.
Двајца христијани се уапсени под сомнение дека продавале отровен пијалак. Труењето со алкохолни пијалаци е често во Пакистан, каде на муслиманското мнозинско население му е забрането да пие и продава алкохол.
Немуслиманското население може да пие алкохолни пијалаци, но многу од сиромашните квартови купуваат евтини ликери од домашно производство, кои често се многу опасни или со лош квалитет.
Кон крајот на јули во Пакистан починаа 31 човек од труење со ликер.