Најмалку осум лица загинаа во пад на хеликоптер Ми-8 на подрачјето на Краснојарската покраина во источен Сибир, додека 17 преживеаја, соопштија локалните власти.
– Во хеликоптерот се наоѓаа 22 патници и тројца членови на екипажот. Според прелиминарните податоци осум лица загинаа, додека другите се повредени, изјави претставник на локалната полиција, јави ТАСС.
Хеликоптерот паднал на тешко достапен терен, е леталото е речиси целосно уништено.
Во тек е евакуација на повредените со помош на специјални возила за снег.