Најмалку осум лица, вклучувајќи три деца, загинаа денеска откако автомобилот во кој се возеле, налетал на бомба поставена покрај пат во Јужен Авганистан, соопшти полицијата.
Портпаролот на полицијата во провинцијата Кандахар рече дека има и две повредени деца. Сите жртви се од едно семејство.
Во друг инцидент цивилно лице и полицаец загинаа, а дете беше повредено откако бомба, поставена на мотоцикл, избувна во Џалалабад, престолнина на источната провинција Нангархр, соопштија локалните власти.
Засега ниту една група не ја презеде одговорноста за нападите.