Осуди за Ахмадинеџад поради прегратката со мајката на Уго Чавес

Од:

Иранскиот претседател Махмуд Ахмединеџад предизвика бројни критики и осуди во домашната јавност и од исламските верски водачи откако беше прикажана фотографијата на која се гладе како тој е во прегратка со мајката на починатиот венецуелски претседател Уго Чавес.

На фотографијата што предизвика контроверзи и во меѓународната јавност, се гледа како Елена Фријаз-де Чавез (78) и Ахмединеџад, со тажен израз на лицето се во прегратка додека иранскиот претседател изразува сочувство за смртта на нејзиниот син.

Фотографијата е направена за време на погребот на Чавес, но постојат сомневања дека станува збор за компјутерска монтажа. Исламските свештеници сепак го осудија Ахмединеџад за сторениот грев и за повредата на одредбите за однесување на претседателот на Исламската Република.

Според иранските верски обичаи и традицијата во оваа земја, муслиман маж не смее да допире жена која не е член на неговото потесно семејство. На конзервативните верски лидери во Иран им пречи и преголемата блискост на Ахмединеџад со левичарскиот претседател на Венецуела, кој минатата недела почина по двегодишна битка со ракот.

Претставник на кабинетот на иранскиот претседател тврди дека сликата е „лажна и подметната“ и како доказ нуди една стара слика на која Ахмединеџад, со истиот израз на лицето и во истата поза, е во прегратка на египетскиот опозициски лидер Мохамед ел Барадеј.

Би можело да ве интересира

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Иран: Подготвени сме да ја браниме нашата нуклеарна програма

Израел се подготвува да го нападне Иран

Иран со јасна порака до Трамп: Нема преговори

Иран: Не е вистина дека развиваме нуклеарно оружје

Аракчи: Нашето нуклеарно оружје не треба да биде проблем, тоа брзо се решава