Осуден човекот што го нападна Вацлав Клаус

Од:

Павел Вондроушек, кој со пластичен пиштол и пластична муниција пукаше на тогашниот претседател на Чешка, Вацлав Клаус, е осуден на шест месеци затворска казна која ќе му се смени со условна казна од една година доколку од правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело. На судењето не присуствуваше Вацлав Клаус.

Инцидентот се случи минатата година на отворање на нов мост во Храстава, во северниот дел на земјата. Напаѓачот тогаш одблиску, со пластичен пиштол пукаше во рамото на претседателот и четири пати го погоди со пластични топчиња, по што Клаус се здоби со гребнатини.

Обвинетиот 27-годишен маж призна дека нападот го планирал кога слушнал дека Клаус ќе го посети местото. Поранешниот претседател не го одбрал намерно, туку го сметал за виновник на денешната лоша ситуација на земјата.

„Околу две недели мислев, на кој начин да укажам на актуелната лоша ситуација кај нас и дека така не може да се продолжи“, изјави Вондроушек, додавајќи дека пластичниот пиштол го сметал за безбедно оружје со кое никого не може сериозно да повреди.

Главната расправа тогаш се отвори, затоа што претседателското обезбедување воопшто не реагираше на нападот и сторителот слободно се одалечи и даваше изјави на новинарите. Подоцна беше уапсен од полицијата.

Експретседателот Клаус ги поштеди од казна припадниците на неговото лично обезбедување, но нивниот раководител си поднесе оставка.

Би можело да ве интересира

Фиала: Русија повеќе не може да не уценува

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица