Остра порака на Иран: „Трамп убива од забава – нема преговори“

Од:

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи изјави дека изјавите на американските претставници во кои се вели дека „нема да имаат милост“ кон Иран претставуваат воени злосторства според меѓународното право.

Арагчи се осврна на изјавата на американскиот министер за одбрана Пит Хегсет, кој во петокот изјави дека САД нема да имаат милост кон своите непријатели. Арагчи нагласи дека дури и изговарањето на такви зборови претставува воено злосторство.

Американскиот претседател Доналд Трамп во саботата изјави дека нападите на иранскиот остров Харк „целосно уништиле“ поголем дел од воените објекти таму, додавајќи дека САД би можеле „да ги погодат уште неколку пати, само за забава“.

„Луѓе се убиваат само затоа што претседателот Трамп сака да се забавува“, одговори Арагчи на коментарите.

Арагчи категорично ги отфрли сите сугестии дека Иран бара прекин на огнот или преговори.

– Никогаш не побаравме преговори. Подготвени сме да се браниме колку што е потребно, рече иранскиот министер за надворешни работи, додавајќи дека не гледа причина да разговара со Американците, бидејќи тие „немаат добро искуство во преговорите“ со Вашингтон.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп збесна на новинар: Тишина, тишина, дали си ти болен

Трамп: Русија е голема машинерија, тие едноставно продолжуваат да напредуваат

Поддршката за Трамп падна на најниско ниво

ВИДЕО: Тоа што го прави Русија во Украина е во ред, вели Трамп

Трамп нуди поволности за Москва во мировниот договор за Украина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп веќе отворено ја брани Русија, Зеленски вели загубил територија и океани