Остин: Светот е обединет и ја поддржува Украина во борбата против руската империјална агресија

Од:

На денешната средба во американската воена база Рамштајн, во близина на Франкфурт, претставници од повеќе од 40 држави се согласија непречено да се доставува оружје во Украина.

Домаќинот на состанокот во Рамштајн, американскиот министер за одбрана Лојд Остин истакна дека „Украина верува дека може да победи“.

– Како што гледаме нациите ширум светот се обединети и решени да ја поддржат Украина во нејзината борба против руската империјална агресија, истакна Остин на почетокот на состанокот.

Генералот на американската армија Марк Мил изјави дека клучната цел на состанокот е да се координира зголемената безбедносна помош за Киев, која вклучува тешко вооружување, како што се хаубици, со цел да се спречат руските напади врз Источна Украина.

– Времето не е на страната на Украина. Исходот на борбата зависи од луѓето на овој состанок. Украинците ќе се борат, а ние мораме да им обезбедиме средства за тоа, посочи генерал Мили.

Според експертите руската армија сè уште има технолошка и нумеричка предност во однос на украинските сили и може да си дозволи да води долга војна во Украина и покрај санкциите од Западот. Додека пак Украина може да се пофали со висок морал, креативни и приспособливи тактики на бојното поле и познавање на теренот, како и оружје и разузнавачки информации добиени од САД и нивните сојузници.

На состанокот во Рамштајн германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт првпат најави испорака на тешко оружје за Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Песков: Во моментов нема услови за разговори меѓу Русија и Украина

Со беспилотни летала Украина ги нападна руските рафинерии во Краснодар, една од нив престана да работи

Украина се подготвува да ги повлече војниците од Бердичив

Украина од фронтот ги повлекува американските тенкови „Абрамс“

Горан Наумовски

Украина користи балистички ракети со долг дострел кои тајно ѝ биле обезбедени од САД

Лукашенко: Украина ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори