Сојузниците на НАТО ќе продолжат да испраќаат одбранбено оружје во Украина и едногласно го поддржуваат Киев, изјави американскиот секретар за одбрана Лојд Остин пред средбата со колегите од Алијансата.
Тој истакна дека ја „осудуваат неиспровоцираната и неоправдана инвазија на Русија“.
– Остануваме обединети во поддршката на Украина… Ја поддржуваме способноста на Украина да се брани и ќе продолжиме да ги поддржуваме, наведе Остин.
Извор: МИА