Остин: Руската војска се соочува со сериозен недостиг на артилериска муниција

Од:

Руските сили се соочуваат со „значителен“ недостиг на артилериска муниција што ги поткопува нивните операции во Украина, изјави денеска американскиот секретар за одбрана Лојд Остин.

– Русите имаат проблеми со логистиката од самиот почеток на војната во Украина и „се уште имаат проблеми со логистиката“, изјави Остин пред американски новинари. – Кај нив има значителен недостиг на артилериска муниција, потенцира американскиот секретар.

Руските сили во голема мера се потпираат на артилерија…пред да маневрираат со копнена акција, рече Остин. – За таков вид операција, потребна е многу муниција. Не сум сигурен дека тие имаат таков вид муниција за да можат и натаму да функционираат на овој начин, истакнува секретарот за одбрана.

Остин, исто така, рече дека руското снабдување со прецизно наведувана муниција е „значително намалено“ во текот на деветмесечниот конфликт и дека Москва нема да може брзо да ги замени поради трговските ограничувања за предмети како што се микрочиповите.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

ВИДЕО: Русите го нападнаа Харков, четоврица повредени

Катерина Ѓуровски