Остин одби да „шпекулира“ за американската интервенција во одбрана на Тајван

Од:

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин денеска изјави дека САД ќе продолжат да ги поддржуваат тајванските сили, но одби да ги потврди зборовите на својот претседател Џо Бајден дека САД воено ќе го бранат островот во случај на напад од Кина.
Бајден вчера истакна дека САД ќе застанат во одбрана на Тајван и дека се обврзани да го бранат островот.

– Да, ние сме должни да го сториме тоа, одговори Бајден на прашањето дали САД ќе застанат во одбрана на Тајван, кој се жали на зголемениот воен и политички притисок од Пекинг за прифаќање на кинескиот суверенитет.

– Како што правевме во минатото во голем број влади, ќе продолжиме да му помагаме на Тајван со сите воени капацитети што ќе му бидат потребни за да се одбрани, истакна Остин во седиштето на НАТО во Брисел.

Тој нагласи дека „САД остануваат фокусирани на тие мерки и нема да навлегувам во какви било шпекулации за Тајван“.

– САД остануваат посветени на принципот „една Кина“, според кој Вашингтон дипломатски ја признава само владата во Пекинг. Никој не сака тензиите во Тајванскиот теснец да прераснат во конфликт, а најмалку претседателот Бајден, објасни Остин.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг одби да „шпекулира за хипотетичка ситуација“.

– Сега е важно да се намалат тензиите во регионот. Ако почнам да шпекулирам, тоа ќе оди во спротивна насока, рече тој, повикувајќи на решение „со политички и дипломатски средства“.

Кина го повика претседателот Бајден да биде „внимателен“, додавајќи дека „нема простор за компромис“ околу прашањата кои се однесуваат на „суверенитетот и територијалниот интегритет“.

Белата куќа потврди денеска дека политиката на САД кон Тајван не е променета, еден ден по изјавата на претседателот Бајден кој рече дека САД ќе го бранат Тајван во случај на кинески напад.

– Претседателот не наави каква било промена во нашата политика и нема никаква промена во нашата политика, изјави портпарол на Белата куќа, одбивајќи да коментира дали Бајден погрешил.

Тој објасни дека Бајден изјавил оти луѓето не треба да се грижат за воената сила на Вашингтон бидејќи „Кина, Русија и остатокот од светот знаат дека ние сме најмоќната армија во историјата на светот“. Американскиот претседател, исто така, нагласил дека „не сака студена војна со Кина, туку сака само Пекинг да сфати дека нема да се повлечеме, дека нема да промениме ниту еден од нашите ставови“.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија