Директорот за финансии во владејачката Работничка партија во Бразил Жоао Вакари поднесе оставка, откако беше уапсен за корупција во скандалот со нафтениот гигант „Петробрас“.
Вакари е обвинет дека партијата, која веќе четврти мандат по ред управува со земјата имала создадено финанска шема, според која Работничката партија добивала дел од „валканите пари“ од нечесните и коруптивни зделки што ги правеле „Петробрас“ и градежните фирми.
Лидерот на ова бразилска партија, Руи Фалкао изјави дека се уште има доверба во уапсениот Вакари. Тој е висок функционер во Работничката партија и еден од најблиските соработници на претседателот Дилма Русеф.
Апсењето на Вакари уште повеќе го засили политичкиот притисок врз претседателката која само пред четири месеци го почна својот втор мандат како шеф на државата.
Русеф работела како директор во „Петробрас“ долги години и тоа во времето кога се случувале корупциските скандали во оваа најголема бразилска компанија. Но засега никој не ја поврзува претседателката со скандалот што го потресува Бразил.
Повеќе од 40 домашни политичари, вклучувајќи ги и претседателите на двата дома на бразилскиот Конгрес, се наоѓаат под истрага за корупција.
„Петробрас“ се означува како основата на бразилската економија,затоа штоучествува со 13 отсто во создавањето на домашниот брутоа национален производ (БНП).