Оставка на претседателот на романската Агенција за транспарентност

Од:

Претседателот на романската национална Агенција за транспарентност денеска поднесе оставка, откако вчера беше притворен од антикорупциските обвинители заради злоупотреба на службената положба, пренесоа романските медиуми.

Националната Агенција за транспарентност во Романија ја проверува имотната состојба на државните службеници и издава решенија за конфликт на интереси и неспоивост на определени функции.

Претседателот на агенцијата, Хорија Ѓорѓеску, вчера беше уапсен заради тоа што во 2008 година, додека работел во бордот на државна институција, која се занимавала со враќање на национализирана сопственост од комунистите, неовластено ја зголемувал цената на вратениот имот, што државата ја чинело 75 милиони евра.

Ѓорѓеску ги негира обвиненијата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хаос во Букурешт по забраната за Георгеску да биде претседателски кандидат

Георгеску доби забрана да се кандидира на вториот круг од претседателските избори во Романија

Горан Наумовски

Во Романија пронајден руски дрон со експлозив

А1он

Романија нема да испрати мировни трупи во Украина

Во Романија уапсен прорускиот претседателски кандидат

Катерина Ѓуровски

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он