Оставка на директорот на британскиот разузнавачки центар GCHQ

Од:

Директорот на британскиот разузнавачки центар GCHQ кој важи за главен прислушен центар во Велика Британија, Роберт Ханинган, поднесе оставка по само две години поминати на функцијата.

Во образложението на својата оставка, што го пренесуваат лондонските медиуми, се вели дека се повлекува поради „семејни причини„.

Претходно, Ханинган беше генерален директор за одбрана и разузнавање во британскиот Форин Офис.

Медиумите откриваат дека бил одговорен за првата британска кибер стратегија, но дека раководел и со специјалниот владин Комитет за вонредни ситуации- КОБРА- секогаш кога станувало збор за ситуации врзани за терористичка закана.

Во времето додека Тони Блер беше премиер на Британија, Ханинган бил негов специјален советник за мировниот процес во Северна Ирска, по потпишувањето на договорот од Стормонт, во април 1998 година.

Во шемата на британските разузнавачки агенции, во која МИ6 го има разузнавањето, а МИ5 контраразузнавањето, центарот , со кој од 2014 година раководеше Роберт Ханинган, ја има третата најважна улога во британската безбедност, посебно во сферата на борбата со тероризмот.

Би можело да ве интересира

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Повредени полицајци, изгорени и уништени објекти, синоќа продолжија немирите во Велика Британија

Предраг Петровиќ

Британската влада призна: „Нашата земја е шворц“

Предраг Петровиќ

Избодени неколку лица во Велика Британија: Меѓу повредените има и деца