Оставка на британскиот министер за сообраќај: На работ сме на голема криза

Од:

Џо Џонсон, брат на поранешниот британски министер за надворешни работи Борис Џонсон, денеска поднесе оставка на местото министер за сообраќај.

Тој ги критикуваше преговорите кои ги води премиерката Тереза Меј за Брегзит, нарекувајќи ги „разочарувачки“.

– Британија се наоѓа на работ на најголемата криза од Втората светска војна, изјави Џонсон, кој на референдумот во 2016 година гласаше за останување на Британија во ЕУ.

Џонсон рече дека би било демократски премиерката да изнесе пред јавноста „завршен збор“, со оглед на тоа дека реалноста на Брегзит е многу далеку од она што беше ветено.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски

Велика Британија исели речиси 13.500 мигранти

Стармер: Зајакнување на поддршката за Украина пред мировните преговори

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски