Осомничениот за нападот во Санкт Петербург бил депортиран од Турција

Од:

Акбаржон Џалилов, за кој се претпоставува дека е извршител на нападот во метрото во Санкт Петербург на 3 март, влегол во Турција кон крајот на 2015 година, а една година подоцна бил депортиран во Русија поради кршење на миграциските правила, изјави висок турски претставник.

Во нападот загинаа 14 лица, а десетици беа повредени.

Турскиот претставник наведува дека додека престојувал во Турција, Џалилов „бил сомнителен поради некакви врски кои ги имал, но против него не биле преземени дејствија, бидејќи не извршил ништо противзаконско и немало докази за криминал“.

– Ова лице беше протерано од Турција во декември 2016 година поради нарушување на визниот режим и правилата за престој, истакна турскиот претставник.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски