Осомничениот за нападот во Финска ќе се јави утре на суд преку видео-врска

Од:

Мароканецот Абдул Рахман Мешках (18), кој е осомничен за нападот што се случи во петокот во финскиот град Турку, каде беа убиени две жени, а осум лица беа повредени, утре преку видео-врска ќе се јави од болницата каде што е сместен откако по нападот беше застрелан од страна на финската полиција.

Мешках, минатата година пристигнал во Финска и тогаш поднел барање за азил. Кон крајот на 2015 година и почетокот на 2016 година тој престојувал во Германија, но како што наведе германското Министерство за надворешни работи, тој во земјата не поднел барање за азил, јави ДПА.

Мешках е главниот осомничен за нападот во Турку, кога, според финската полиција, беа извршени две убиства и осум обиди за убиства со терористички карактер.

Освен 18-годишниот Мароканец, финската полиција приведе уште четворица Мароканци, осомничени за нападот, за што негираат дека ги извршиле.

Останатите четворица Мароканци, осомничени за „учество“ во нападот, се на возраст меѓу 18 и 28 години и се очекува утре да бидат изнесени пред суд.

Финската Служба за разузнавање „Супо“ соопшти денеска дека кон почетокот на годинава локалната полиција и Службата добиле сигнал за Мешках, дека тој е радикализиран и е заинтересиран за екстремистички идеологии. Сепак, тие немале информација за планирање на напад.

Вчера за прв пат финската полиција го сослуша Мешках во болница.

Првично бепе јавено дека 18-годишниот Мароканец денеска ќе се јави на суд.

Би можело да ве интересира

Захарова: Русија е секогаш подготвена за дијалог, а Финска треба да го напушти својот русофобичен курс

Пресврт по победата на Трамп: Финска реши да ја отвори границата со Русија

Финска конфискуваше руски имот во вредност од 4,25 милијарди долари на барање на украински Нафтогас

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Финска: Затворањето на границите помогна да се избегнат тензиите со Русија

Девојче од Косово е рането во инцидентот во основно училиште во градот Ванта кај Хелсинки

Горан Наумовски